5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силувана 14-годишна девојка починала за време на пораѓај

Во Парагвај, каде законот не дозволува абортус, освен ако мајката не е животно загрозена, на пораѓај починала 14-годишна девојка која забременила откако била силувана.

Лекарите биле принудени да ја породат со царски рез, поради компликации, но набрзо девојчето доживеало три срцеви удари, а потоа починало.

– Се случило многу брзо. Лекарите се обиделе со напредна техника на оживување во интензивна нега, меѓутоа, немало спас. Нејзиното тело не било спремно за бременост, рекол директорот на болницата каде девојчето се породило, Хернанд Мартинез, пренесе Гардијан.

Бебето, како што соопштиле лекарите, е во стабилна состојба, но се наоѓа на апарат за вештачко дишење.

37-годишниот маж кој го силувал девојчето е уапсен во четвртокот.