5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Откриена причината за изненадната смрт на младата порно ѕвезда

Конечно се знае причината за смртта на младата порно актерка Оливиа Нова, која починала на почетокот на јануари. РадарОнлајн пишува дека, според резултатите од обдукцијата, Оливиа починала од прекумерна консумација на алкохол.

Освен тоа, аутопсијата открила и траги од кокаин непосредно пред смртта во телото на 20-годишната порно ѕвезда. Резултатите покажале дека нејзината смрт најверојатно била несреќа, односно дека актерката не се предозирала намерно.

Нејзиниот пријател Џими Ромеро претходно за британски Мирор изјавил дека знаела дека ќе умре ако продолжи со лошите навики. Не била задоволна од снимањето порно филмови, а утеха пронашла во алкохолот.

Нејзиното вистинско име е Алексис Лекси Форте, а веќе на 12 години почнала да се занимава со манекенство. Во 2017 почнала да снима и порно филмови.