17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нека не ве лаже сонцето: Следува уште поголем пресврт со времето, “најкритично” вечерва

Утре почнувајќи од пладне ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во текот на ноќта, особено во југоисточните и западните делови (локално над 20л/м2), каде снежната покривка на планините значително ќе се зголеми.

Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

И во првите два дена од следната недела ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на планините од снег.

Дневните температури ќе бидат во благ пораст.

Потоа следува период на стабилно и суво време со значителен пораст на дневната температура.