10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пожарникар загина за време на снимање филм

Њујоршки пожарникар загина во голем пожар во зграда во Харлем, каде што режисерот Ед Нортон снимал филм. Пожарот избил во приземјето на зградата на авенијата Сент Николас.

Портпаролот на градоначалникот Бил де Бласио на „Твитер“ напиша: „Ова беше неубава ноќ. Изгубивме пожарникар на Њујорк“.

Американските медиуми пренесоа дека пожарот избил на снимањето на филмот „Бруклин без мајки“ ( Motherless Brooklin) во кој глумат Брус Вилис, Вилијам Дефо и Алек Болдвин.