12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Груби: Бев сведок на непропорционалното попишување во 2011

 

Пописот на населението не бил пропаднат, туку законски прекинат, изјави Артан Груби од ДУИ по прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство на која беше соопштено дека се отвора истрага за нереализираниот попис во 2011, во која осомничени се лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и експремиерот Никола Груевски.

„Во 2011 бев член на Државната пописна комисија и бев сведок на сето тоа што се случуваше таму и на непропорционалното имплементирање на методологијата за попишување на населението, посебно од Државниот завод за статистика, како и пописната комисија на терен и на централно ниво. Пописот не е пропаднат, туку е прекинат со одлука на Собранието и со волјата на пратениците избрани од народот. По предлог на Владата, пратениците изгласаа закон за прекин на пописот, тоа е процесот, така се случи, тоа беше направено пред очите на целата јавност во 2011 година“, изјави Груби.

Според истрагата на СЈО, Ахмети и Груевски ја злоупотребиле функцијата и му нанеле штета на буџетот од 175.123.909 денари. Причината за престанок на пописот, според СЈО, било тоа што со спроведениот попис ќе им се нанело огромна штета на угледот на лидерите на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, па според обвинителката Фатимe Фетаи, двајцата лидери се сомничат дека се договориле да го прекинат пописот во 2011 година за да се задржат на власт, а тоа да го прикажат во јавноста како неможност за реализација поради технички причини.