8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
SHOWBIZ

Од робот до автостопер: Необични гости во Еден на Еден

Неколку гости со необично хоби или уникатна приказна беа дел од неделната Еден на Еден епизода. Публиката имаше можност да слушне доста интересни муабети, а Жаре се соочи Еден на Еден со:

– Милош Димковски, авантурист од Куманово, кој досега поминал преку 35.000 километри со автостоп, а за своите авантури објавил три книги под псевдонимот Евгениј Хоуп;

– Ренато, дете талент, за чии фудбалски способноста уште доста ќе слушаме;

– Марјана Павличек, една од ретките фотографи во Македонија која слика само актови;

– Филип Етмишовски – колекционер на автограми, кој во неколку години собрал автограми од многу светски познати личности како Владимир Путин, Ангела Меркел, Брижит Бардо, Ким Кардашијан и уште 400 други;

– Роби Реј, диџеј од Прилеп кој во својот настап вклучува и два специјално порачани костими, изработени во фабрика за роботи и со нив настапува како Лед Робот и Мирормен.

Во недела, пак, кај Жаре доаѓаат министерот за финансии Драган Тевдовски и актерите од македонскиот филм „Исцелител“. Но, и едно големо изненадување. Не ја пропуштајте новата „Еден на Еден“ оваа недела од 18:50 на Канал 5.