17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Маж се обиде да се самоубие скокајќи од јавната галерија на парламентот

Mаж со нешто врзано околу вратот скокнал од јавната галерија што се наоѓа на неколку метри над холандскиот парламент, при што се здобил со тешки повреди, пренесоа полицијата и локалните медиуми.

Весникот „Де телеграф“ ги цитираше очевидците дека човекот шетал вознемирено пред да врзе нешто на вратот и да скокне од зградата.

Весникот го идентификуваше како активист кој неколку недели кампувал надвор од парламентот, за време на демонстрациите за легализација на хашиш и марихуана.

Канабисот е технички нелегален во Холандија, иако е широко достапен и полицијата не ги гони луѓето за поседување или продажба на мали количини.

Спонзорирано: