17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Груби: Не смее да има селективна правда

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието, Артан Груби, денеска остварил средба Давид Кулен од Европската комисија, одговорен за изготвување на Извештајот за напредокот на Република Македонија.

Комисијата за европски прашња соопшти дека Груби во рамки на средбата го брифирал соговорникот за конкретните реформски активности, законот за јазиците, како и за добрососедските односи.

На состанокот, Груби изразил убедување дека на средина од месец април, нашата земја ќе добие чиста препорака за отпочнување на преговори со ЕУ во априлскиот Извештај на Европската комисија, како валоризација на постигнатото со кој ќе се нотира значителниот и видлив напредок постигнат од страна на нашата земја.

Разговарајќи за правосудните реформи, Груби се надоврзал и на одлуката во судскиот процес за случајот Алмир нагласувајќи дека правната држава и довербата кон правосудните органи се гради врз основа на почитување на законите и доказните материјали, а во никој случај врз основа на етнички, религиозни, политички и други убедувања на вршителите на обвинителско-судските функции.

„Селективна правда не смее да има“, истакнал Груби и додал дека со донесувањето на законот за употреба на јазиците се заокружил нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор и дека сега е време да се посветиме целосно на преостанатите реформски закони, како и на решавање на спорот со нашиот јужен сосед за да ја интегрираме нашата држава целосно во НАТО и ЕУ.

Спонзорирано: