20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Падна првата оставка во Владата – еве на кој начин министер си поднесе оставка

Саљији вели дека довербата во судството почнала да се враќа преку случаите „Сопот“ и „Монструм“, но во овие моменти тој смета дека довербата е разнишана.

„Јас како прв човек во Министерството за правда, поради разнишаната доверба кај граѓаните, чувствувам морална обврска да дадам оставка од функцијата министер за правда не како акт на неуспех, туку како акт што ќе биде во правец за будење на свеста на иниституциите и општеството“, вели Саљији.

Според него, најмалата давијација може да донесе непоправливи последици, а најважна во процесот на реформите е довербата на граѓаните.

Обвинителството донесе одлука за преквалификација на делото за кое му се суди на осомничениот Бобан Илиќ од Куманово од убиство во сообраќајна несреќа со смртни последици, што предизвика реакции кај дел од јавноста.