12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руски научник: Труењето на Скрипал не личи на рускo дело

Рускиот научник Леонид Ринк, кој учествувал во создавањето на нервниот агенс „новичок“, со кој беа отруени поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка, рекол дека нападот не личи на московска работа бидејќи тие не умреле веднаш.

Леонид Ринк за агенцијата РИА рекол дека Британците би можеле да стојат зад нападите на Скрипал.

„Тешко е да се поверува дека Русите се вмешани бидејќи отруените се сè уште живи. Таква неверојатна неспособност на руските шпиони, едноставно, би била смешна и неприфатлива“ рекол Ринк.

Тој потврдил дека за време на Советскиот Сојуз работел во воена установа каде што бил развиван нервниот агенс „новичок“. Ринк како крајна бесмислица ги отфрлил тврдењата на британските медиуми дека Јулија Скрипал можела не знаејќи да го пренесе „новичок“ од Русија додавајќи дека нервниот агенс не би можел да се одржи на толку долг пат.