12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Јункер му ја честита победата на Путин

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го повика рускиот претседател, Владимир Путин, да помогне при обновувањето на безбедноста на Стариот Континент по неговиот реизбор за претседател на Русија.

„Секогаш сум сметал дека позитивните односи меѓу ЕУ и Русија се критички важни за безбедноста на континентот“, изјави Јункер по испраќањето писмена честитка до рускиот претседател.

„Наша цел мора да биде продолжување на заедничката паневропска безбедност“, додаде Јункер.