12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руските дипломати ја напуштаат Велика Британија

Руските дипломати и нивните семејства се подготвуваат да ја напуштат Велика Британија бидејќи бea протерани поради труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал и ќерка му Јулија во Солсбeри.

Во тек е и отстранување комбиња и дипломатски автомобили од амбасадата во Лондон.

Велика Британија протера 23 дипломати кога премиерката Тереза Мај изјави дека Русија е виновна за труењето на Скрипал и неговата ќерка.

Британската влада ќе одлучи дали да наметне и дополнителни санкции за Русија. И официјална Москва исто така возврати со протерување британски дипломати од земјата.