13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русија го блокира состанокот на Советот за безбедност за човекови права во Сирија

Русија денеска го блокирала како неоснован состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации за човекови права, кој би требало да биде посветен на ситуацијата во Сирија.

„Не гледаме оправдување за овој состанок со оглед дека човековите права не се тема на агендата на Советот за безбедност“, рекол Генадиј Кузмин, заменик на постојаниот претседател на Русија во ОН, пренесе „Ројтерс“.

На состанокот Франција повикала уште шест членки на Советот за безбедност, а се очекувало на состанокот да зборува и Заид Раас ел Хусеин, висок комесар на ОН за човекови права.

Против состанокот биле и Кина, Боливија и Казахстан, додека Брегот на Слоновата Коска, Екваторијална Гвинеја и Етиопија биле воздржани.

Спонзорирано: