20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Папата апелираше верниците да не го носат симболот на христијанството на ѓердани

Папата Франциск на плоштадот Свети Петар во Ватикан рекол дека распетието е религиозен симбол кој би требало да се „проучува и разбере“ пред да се комерцијализира, пишува Дејли Стар.

Навел дека распетието е свет симбол, кој не треба да се злоупотребува така што ќе го третираме како декорација и моден детал.

Глетката на распнатиот Исус ја открива мистеријата на смртта на синот како врвен чин на љубовта, извор на животот и спасение за човештвото, рекол.

– Како јас гледам на распетието? Како на уметничко дело, да видам дали е убаво или не? Или го гледам внатрешното значење, низ раните Исусови кои одат сè до дрцето? Гледам во мистеријата на Бог уништен до смрт, како роб, како крминалец, додал папата.

Според неговите зборови, Исус сака да ни даде дознаење дека дека крстот, смртта и воскресението претставуваат плодоносен чин чин.

– Неговите рани нас не излечиа, тоа е плодоносен акт кој ќе донесе добро за многумина, заклучил папата Франциск.