10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Паднаа нови апсења: Еден градоначалник и 11 високи функционери завршија во рацете на полицијата поради нелегално продавање на државно земјиште во соседна Албанија

Голема полициска акција во Албанија поради нелегална продажба на државно земјиште во близина на морето.

Според информациите се уапсени еден градоначалник и 11 функционери кои се осомничени и обвинети за злоупотреба на функцијата и фалсификување документи.

Тие подготвувале лажна документација за 300.000 квадратни метри државно земјиште и планирале да го продадат на фиктивни купувачи по симболична цена, тврди Обвинителството.

Инаку плацевите покрај море имаат голема цена поради можноста за изградба на туристички комплекси и хотели, јавуваат албанските медиуми.