24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Свињи во Србија распарчиле маж, очевидците затекнале ужас

Миодраг С.И. (61) вчера одеднаш починал во свињарникот на својот сосед во местото Врачев Гај кај Бела Црква, Србија, а животните буквално го распарчиле неговиот леш.

Несреќниот човек доживеал инфаркт, а изгладнетите свињи му го изеле лицето и двете раце, пренесе српски Телеграф.

Очевидец вели дека глетката била стравична. Сопственикот на свињарникот ја затекнал страшната глетка и веднаш повикал полиција, а тие извршиле увид.

Телото на починатиот е испратено на обдукција, каде ќе се утврдат точните околности на смртта.

Очевидец вели дека лешот на Миодраг бил унаказен, бидејќи свињите изеле „половина човек“.

Ова е трет ваков случај во Србија последниве 15 дена.

Спонзорирано: