24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Одбројување до преоѓањето на летно време: Еве што мартовската промена му прави на вашиот биоритам

До преоѓањето на летно сметање на времето останаа девет дена. Во недела 25 март стрелките на часовниците треба да ги поместиме еден час нанапред, така што времето во 2 часот ќе се смета како 3.

Преоѓањето на летното сметање на времето организмот го поднесува значително потешко отколку она во октомври кога преоѓаме на „зимски режим“.

Промената на времето во март му смета на биоритамот и може да доведе до проблеми со спиењето и концентрацијата, но и на нивото на шеќер во крвта кај луѓето со дијабетес.

Според извештајот на Руската академија на медицински науки, преминувањето од зимско на летно сметање на времето го зголемува бројот на срцеви удари за 50 отсто, зачестеноста на самоубиства за 66 проценти, а бројот на повици во итна помош значително е зголемен.

Затоа Русија уште 2011 година одлучила да се откаже од овој прицип, со образложение дека е штетно по здравјето.

Спонзорирано: