21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Страшна сообраќајка со повеќемина повредени

На магистралниот пат Шти-Радовиш дошло до судир помеѓу патничко возило „бмв“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј. И. (29) од Струмица, и патничко возило „ситроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.И. (40) од с. Утово, Битолско.

Повреди добиле двајцата возачи и двајцата сопатници во возилата: Ј. В. (22) од Струмица во возилото „бмв“ и А. П. (44) од Република Грција во возилото „ситроен“. Ј. И. и Ј. В. биле пренесени на Клиничкиот центар во Штип, каде што им била укажана лекарска помош.

Возачот Г. И. и сопатникот А. П. биле пренесени во Јавната здравствена установа Радовиш, каде што им биле констатирани повредите и им била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Во периодот од 22.10 часот на 15.3.2018 до 1.25 часот на 16.3.2018 година сообраќајот бил во прекин во двата правца на магистралниот пат Штип-Радовиш.

Спонзорирано: