16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Зоран Заев предмалку со потег кој не беше очекуван: Моќна порака до претседателот Ѓорге Иванов

Премиерот Зоран Заев го обвини претседателот на државата Ѓорге Иванов дека го крши Уставот со одлуката да не го потпише законот за јазиците.

Тоа според него било чин на кукавичлук и додаде дека овој закон не е изгласан скришно и заткулисно како што порано се правело, туку девет месеци била отворена дебатата.

„Да го оставиме законот за употребата на јазиците да го види денот. Мене ми е жал што претседателот на државата одлучи буквално да не го почитува Уставот и објави по втор пат дека нема да го потпише законот. Тоа не е добро, тоа е флагрантно кршење на Уставот на Македонија и секако институциите немаат право да дозволат тоа да се случи.

Но, истовремено тоа за мене значи кукавичлук, да не се дозволи законот да живее заради тоа што ако се пушти законот да заживее конечно ќе ја реализираме последната правна обврска од Охридскиот договор. И сите ќе видат дека нема да има ниту Тиранска агенда во Македонија, дека Македонија нема да биде држава на Албанците или не знам кои од малцинските заедници во државата“, рече Заев.

Во врска со начинот на кој беше изгласан законот, премиерот вели дека претседателот на Собранието постапил според Деловникот и додаде дека постојат институции кои можат да кажат дали тоа било исправно или не.

Апелираше законот да се потпише и да се достави до уставниот суд, како и до Венецијанската комисија за мислење.