15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Единствена Македонија“: Заев исто како Груевеки криминалот го гони по однапред изготвен список

Партијата „Единствена Македонија“ денеска го осуди, како што велат, истиот пристап на Зоран Заев со оној на поранешниот премиер Никола Груевски, во борбата со криминалот која, според нив, се води по политичко сценарио и по однапред изготвен список.

„Никола Груевски по изборната победа во 2006 година изготви список на дваесет и пет функционери од поразениот СДСМ кои еден по еден се гонеа редоследно по политичка проценка за одвлекување на вниманието на јавноста од афери и неповолни настани поврзани со власта на ВМРО-ДПМНЕ. Своевремено, од поистакнатите фигури на СДСМ од тој список куртули само поранешниот висок функционер на СДСМ, Никола Ќуркчиев чие судско гонење според списокот на ВМРО-ДПМНЕ требаше да се прикаже како враќање на слободата и демократијата во ‘ќуркчиево’ како што вмровските креатори на списокот ја нарекуваа Гевгелија од каде доаѓаше Ќурчиев“, се наведува во соопштението на „Единствена Македонија“.

Оттаму додаваат дека Заев сега тргнува по стапките на Груевски, во момент на големи револт на македонскиот народ поради донесувањето на законот за двојазичност.

„Бугарската православна црква стана мајка на МПЦ, а во истиот ден беа приведени 37 лица за тероризам со цел одвлекување на вниманието на јавноста, или пак, вчерашното приведување на поранешен функционер на ВМРО-ДПМНЕ со цел отргнување на вниманието од големиот народен револт од законот за двојазичноста, значи дека криминални случаи се процесуираат и темпираат кога има настани што негативно влијаат на рејтингот на владата на СДСМ“, истакнуваат од партијата.

Оттаму констатираат дека партијата, како што велат, „Погреб за Македонија“ составена од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ борбата против криминалот ја базира на политички проценки и однапред изготвен список за одстрел, иако секој оној што се води од искрена борба за расчистување со криминалот не треба да се служи со маркетиншки трикови.

Додаваат дека новата легална власт на „Единствена Македонија“ ќе ја сосече во корен праксата на гонење на криминал според политичко сценарио дефинирано во некој список и ќе спроведе социјална револуција што подразбира ревизија и одземање на украдените десетици милијарди евра во приватизацискиот и постприватизацискиот период во изминатите 27 години.

Спонзорирано: