17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Супер вест: Изменет законот за пушење – еве каде ќе може со цигара да се пие кафе

Измените за Законот за пушење се донесени и тоа со 41 глас за, 14 против и еден возддржан.
Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од пушењето по скратена постапка, беше поднесен од пратениците: Томислав Тунтев, Јован Митрески, Мирсада Емини Асани, Шпреса Хадри, Петре Шилегов и Васко Ковачевски.

Предлагачот Тунтев соопшти дека со новите измени  предвидено да биде дозволено да се пуши на тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти и кога тие се затворени поради временските услови.

Тунтев додаде дека дека не се бара да се укине забраната за пушење во јавните институции, установи, автобуски станици, канцеларии и други затворени простории.