22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Каде се сега Миленко, Бранко, Љубчо и Груевски, прашаа демонстрантите пред Собранието

Дел од демонстрантите пред Собранието кои говореа на бината додека Собранието се подготвуваше да ја почне седницата на која треба да се расправа за Законот за употреба на јазиците ги прозваа дел од македонските политичари.

„Каде е Миленко? Каде се професорите? Каде е Бранко Црвенковски? Каде е Љубчо ?“ говореше демонстрант со македонското знаме во рацете. „Дојде и Грујо наш, човекот кој можеше да биде ѕвезда на македонското небо, ама тоа проклето да се земе повеќе од што треба го стави таму кај што не треба“, рече eден од демонстрантите. Тој го прозва и актуелниот премиер Зоран Заев, кој, како што рече, работел против интересите на Македонија.Друг демонстрант порача дека НАТО не ѝ треба на Македонија, туку Македонија му треба на НАТО. „Ако му требаме на НАТО, ќе нè почитува под уставното име“, рече демонстрантот пред насобраните граѓани. Тој потенцира дека 137 држави ја признале Македонија под уставното име.

Спонзорирано: