19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Руската амбасада во Лондон ги осуди „непријателските мерки“ на Велика Британија

Руската амбасада во Лондон ги осуди, како што ги нарече, непријателските мерки преземени од Велика Британија, како реакција на труењето на поранешниот руски агент Сергеј Скрипал во Лондон.
„Го сметаме тоа за непријателска активност, којашто е целосно неприфатлива, неоправдана и кусогледа. Целата одговорност за влошувањето на руско-британските односи лежи врз лагите на актуелното политичко раководство на Велика Британија“, соопшти амбасадата.
Претходно, Британија одлучи да протера од земјата повеќе од 20 руски дипломати. Премиерката Тереза Меј рече дека руските дипломати, кои имаат една недела да ја напуштат земјата, се идентификувани како непријавени разузнавачки службеници, објави Би-би-си. Русија негира дека учествувала во обидот за убиство на поранешниот руски двоен агент.
Спонзорирано: