9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Финска е најсреќна земја на светот, а еве каде се наоѓа Македонија

Според најновиот извештај на Обединети нации за најсреќни земји на светот, Финска е на прво место, додека на дното на листата која опфаќа 156 држави се наоѓа Бурунди.

Од земјите од бивша Југославија, Словенија се наоѓа на 51 место, Србија на 78 место, Црна Гора на 81, Хрватска на 82, Македонија на 89 место, додека БиХ е на 93 место.

Годишниот извештај на ОН за среќа се објавува секоја година во пресрет на Меѓународниот ден на среќата 20 март.

Показателите на чија основа се мери среќата на државите се бруто домашниот производ, општествената поддршка, очекуваното траење на живот во полно здравје, општествените слободи, отсуството на корупција.

Спонзорирано: