13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Димитров на работен ручек со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска присуствуваше на работен ручек со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, кој го организираше бугарскиот амбасадор во земјава, Иван Великов Петков, во својство на земја претседавач со Советот на ЕУ.
Министерот Димитров изрази благодарност до амбасадорот Петков и за бугарската заложба за приближување на Западен Балкан кон ЕУ за време на нивното претседателство. Ја истакна заложбата до крајот на бугарското претседавање со Советот на ЕУ во јуни 2018 година Советот да ја донесе политичката одлука за почеток на пристапните преговори со Република Македонија за членство во Унијата.
Димитров брифираше за конкретните реформски активности, пред сè во приоритетните сфери: правосудство, добро владеење, јавна администрација и следење на комуникациите, како и за борбата против корупцијата, организираниот криминал и антитероризмот, добрососедските односи и подобрувањето на политичкиот дијалог во Собранието. Осврнувајќи се на содржината на Стратегијата за проширувањето на Јункер, истакна дека таа ги исполнува македонските очекувања – отвора рамка за сите земји од Западен Балкан и за првпат се предвидува ориентациона временска рамка за членство.
„Очекуваме претстојниот iзвештај на Европската комисија да го нотира значителниот и видлив напредок постигнат од Владата на Република Македонија на планот на домашните реформи. Самитот ЕУ – Западен Балкан во Софија претставува јасна можност за обновување на обврските од страна на Западен Балкан и ЕУ и очекуваме да биде реален индикатор за тоа колку земјите членки на ЕУ се подготвени да се посветат на пристапниот процес на земјите од регионот. Сакаме сите држави од соседството да се движат во вистинскиот правец на ЕУ интегрирање. Многу важни лекции од историјата научивме, а тоа е дека единствената одржлива стратегија за нашиот регион да биде стабилен и просперитетен е онаа европската“, изјави Димитров.
Спонзорирано: