23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Фото: Полицијата упадна во Слупчане – пронајдени се девет жени

За време на акциска контрола во угостителски објект во село Слупчане, кумановско, полицијата затекнала девет женски лица, од кои три од Република Македонија и шест од Албанија и Косово, кои се лишени од слобода.

Во контролата учествувале Секторот за внатрешни работи Куманово во координација со крим полиција при Министерство за внатрешни работи, Државен пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи.

Контролата е извршена по претходно изготвен план поради сомнение дека во објектот престојуваат странски државјани кои работат во локалот и дека во истиот се вршат незаконски дејствија. Известен е Јавен обвинител.

Државен пазарен инспекторат констатирал дека наведениот објект работел без дозвола за работа, а Управата за јавни приходи дека во локалот не се издаваат фискални сметки, при што се пронајдени 33.950 денари, 90 евра и 100 српски динари.

Спонзорирано: