14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Русите тестирале незапирлив нуклеарен проектил, Путин подготвен за светска војна (Видео)

Претседателот на Русија Владимир Путин изјавил дека е подготвен „да предизвика глобална катастрофа“ доколку би избила војна која би ја загрозила Русија.

Путин тоа го изјавил неколку дена пред да биде изведено лансирањето на новиот проектил кој е десет пати побрз од звукот и може да носи нуклеарна глава. Претседателот на Русија го нарекол идеално оружје.

Прокетилот Кинзхал може да лета со брзина од 12.320 километри на час, а дометот му е 2.000 километри. Проектилот е лансиран од суперсоничен МиГ-31 кој полетал од воен аеродром на југозападот на Русија.

„Лансирањето е спроведено по план, хиперсоничниот проектил ја погоди метата“, соопштено е од руското министерство за одбрана.

Потсетуваме Путин изјавил дека новото нуклеарно оружје не може да се запре, како и дека ракетниот штит на НАТО не му може ништо.