20.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Издлабете лимон, додајте мед и лекот за имунитет е готов

Овој природен лек помага при подигнување на имунитетот и искашлување. Се прави многу едноставно.

Издлабете еден лимон, така што ќе остане само кората. Пресечете го врвот и отстранете го.

Во имровизираната „тегла“ додајте домашен мед, исцедете една лажица лимон и изрендајте малку ѓумбир.

Така подговениот лимон ставете го во стаклен сад и оставете го во фрижидер.

Најдобро е да отстои неколку дена. Се препорачува да користите две до три лажички дневно од смесата еден месец.

Оние кои пробале тврдат дека се чувствуваат подобро, поенергично.