20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Итен состанок за безбедност во Лондон

Министрите во британската влада задолжени за безбедност свикаа итен состанок на кој ќе разговараат за истрагата по труењето на поранешниот руски воен разузнувач Сергеј Скрипал.

На состанокот, кој ќе го води министерката за внатрешни работи Амбер Рад, ќе бидат разгледани извештаите на полицијата, разузнавачките служб од Салисбури, каде во тек е истрага во која помага и британската војска.

Полицијата бара врски за мистериозниот напад на Скрипал и неговата ќерка Јулија, кои во неделата се најдени онесвестени на клупа покрај реката Ејвон во Салисбури.

Тие моментно се наоѓаат во болница во критична состојба, а е констатирано труење со редок вид нервен гас.