8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Барнли му оддржа лекција на Вест Хем, фановите полудеа

Дејвид Мојс и неговите Вест Хем ги очекува тешка борба за опстанок, откако беа декласирани со 0:3 на стадионот „Лондон“ од инспирираните Барнли, кои сега се на седмото место со 43 поени, само два помалку од Арсенал на шестата позиција!

Вест Хем беа рамноправни во првото полувреме, но Барнли имаше фантастичен финиш на мечот. Ешли Барнс во 66. минута донесе водство за тимот на Шон Дајч, по што замената Крис Вуд постигна два гола (70. и 81. минута) за импресивна победа.

Мечот беше одбележан со многу контроверзи – дел од навивачите на Вест Хем влегоа на теренот, еден од нив трчаше со знаменцето за корнер додека се обидуваа да се пресметаат со директорите на тимот. Марк Нобл пак, успеа да собори еден од навивачите.