16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да ги осуди сите облици на навреди кон иселениците

Владата веднаш да ги осуди сите облици на навреди кон иселениците и да престане да врши поделби на граѓаните, порача ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, добро е што за прв пат Едмонд Адеми се огласи за која било која тема поврзана со иселениците, но лошо е што ја нема сфатено суштината, а уште полошо што оваа влада не направи за 10 месеци ниту еден чекор за македонските иселеници, иако има министерство кое што би требало да се грижи за оваа тематика, се вели во реакцијата на опозициската партија на изјавата на Едмонд Адеми.

„Сè уште ниту Адеми ниту кој било од Владата ги осуди сите облици на навреди, стигматизација и генерализирање насочени кон Македонските иселеници, а стимулирани од кругови блиски до власта. Таквата незаинтересираност и игнорантски однос на владата преставува навреда за дијаспората, и прави директна поделба на подобни и неподобни граѓани.Владата треба веднаш да ги осуди сите облици на навреди кон иселениците, и да престане да врши поделби на граѓаните. Македонските иселеници се составен и нераскинлив дел од Република Македонија, се вели во реакцијата.

Спонзорирано: