13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Драма на пат: Со секира го кршела автомобилот, дете гледало и плачело

Вистинска драма се случувала пред неколку дена во Стерлитамак, во руската република Башкортостан.

Службеници на сообраќајната полиција запреле жена во „даеву матиз“ бидејќи погрешно се престроила на патот.

Возачката тотално го изгубила разумот, извадила секира и почнала да го крши автомобилот.

Полицајците морале да бидат внимателни бидејќи на задното седиште во „матизот“ седело избезумено и расплакано дете.

На крај полицајците успеале да ја наговорат жената да го напушти автомобилот, но потоа пружала отпор при влегување во полицискиот автомобил. Иако сведоци изјавиле дека жената била под дејство на алкохол, од полиција издале соопштение дека жената имала психички проблеми.

Спонзорирано: