16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Австрија ќе го презеде претседателството со ЕУ без документи на хартија

Претседателството на Австрија со Европската Унија во втората половина на годинава ќе биде „е-претседателство“, беше објавено во Виена. Имено, ова ќе биде првпат како една земја претседавач со ЕУ нема да користи печатени документи, туку истите ќе ги објавува на интернет-портал.

Од 1 јули Австрија ќе го презеде шестмесечното претседателство со ЕУ од Бугарија, токму во „жешката фаза“ од преговорите за брегзит. Дури и пред преземањето на претседателството, австриската влада има намера да одржи седница во Брисел на 6 јуни.

Главните приоритети на австриското претседателство ќе бидат безбедноста, особено борбата против нелегалната миграција и радикализација, како и европската перспектива на земјите од Западен Балкан.

Самитот на ЕУ, како што беше најавено, ќе се одржи на 20 септември во Салцбург, а не во Виена бидејќи владата сака да вклучи и други покраини во претседателството.

Спонзорирано: