20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

За малку трагедија при слетување: Авион со крилото удрил во пистата (Видео)

Меѓународниот аеродром Raleigh-Durham во Северна Каролина, САД, пред неколку дена за малку ќе станел место на трагедија.

При слетување, авион MD-88 на компанијата Делта Ерлајнс се нашол на удар на силен ветер.

Авионот се нишал, десното крило дури ја допрело пистата, но пилотот го исправил леталото и безбедно го приземјил.

Портпаролот на аеродромот изјавил дека тој ден имало неколку доцнења и откажувања на летови, пренесоа американските медиуми.