18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тлото и понатаму не престанува да се тресе: Силен потрес од 5.4 степени според рихтер се случи во Иран

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужен Иран, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на земјотресот бил на речиси 110 километри од Минаб, а неколку минути по него, следувал уште еден умерен земјотрес, со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала.

Во моментот нема дојава за жртви или материјални штети.

Во ноември минатата година земјотрес со интензитет од 7,3 степени според Рихтеровата скала беше регистриран крај границата помеѓу Иран и Ирак поради што најмалку 620 лица загинаа, а стотици други беа повредени.