Утре ќе биде претежно суво со умерен до засилен западен и југозападен ветер.
Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Од петок ќе настапи стабилизирање на времето со значително повисоки дневни температури, особено за време на викендот кога на планините ќе има забрзано топење на снежната покривка.