17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нова несреќа за руската војска: Се урна хеликоптер во Чеченија

Најмалку пет лица загинаа по уривање на хеликоптер „ми-8“ на руските безбедносни сили во Чеченија. Дел од руските медиуми првично објавија дека во несреќата загинале седум, за подоцна да го намалат бројот на жртвите на петмина.

Според неименуван извор на агенцијата „Тас“, хеликоптерот се урнал на оддалеченост од осум километри од границата со Грузија. Оваа несреќа се случи еден ден откако во Сирија се урна руски транспортен авион „антонов-26“ , при што загинаа 33 патници и членови на екипажот, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството информираше дека причината за падот на авионот е најверојатно технички дефект.