17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Актерка во еротски филмови го тужи Трамп зошто не ѝ дава да зборува за нивната афера

Актерката во еротски филмови, Сторми Даниелс, поднесе тужба против американскиот претседател, Доналд Трамп, преку која бара да се поништи договорот, кој, како што тврди, го потпишала неколку дена пред претседателските избори во 2016 година. Според неа, договорот не е в ред затоа што ја спречил да зборува за наводните сексуални средби со Трамп.

Во тужбата поднесена до Виш суд во Лос Анџелес се наведува дека договорот склучен на 28 октомври 2016 година е „ништовен и без последици“ бидејќи не го потпишал лично Трамп, пренесуваат светските новински агенции. Даниелс, чие вистинско име е Стефани Клифорд, изјавила дека сака во јавноста да зборува за сите детали во врска со нејзиниот наводен однос со актуелниот американски претседател.

Таа наведува дека почнала „интимни односи“ со Трамп во 2006 година и дека тие продолжиле и во 2007 година и дека тие двајца се состанувале во Невада и Калифорнија. Според нејзините зборови, Трамп ѝ платил 130.000 долари за да молчи во врска со оваа наводна афера.