17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Берлускони: Ќе го поддржам Салвини за формирање влада

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони изјави за италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ дека ќе го поддржи лидерот на партијата (Северна ) Лига, Матео Салвини, во обидот да формира влада, пренесе „Ројтерс“.

Коалицијата од четири партии на десниот центар се договори за време на кампањата дека лидерот на партијата што ќе освои најголем број гласови ќе биде именуван за претседател на владата.

„Почитувајќи го во целост нашиот договор, ние лојално ќе ги поддржиме обидите на Салвини да формира влада. Тука сум за да го поддржам, гарантирам солидарност во коалицијата и ќе ги оддржам ветувањата кон нашите гласачи“, рекол Берлускони.

Лидерот на италијанските десничари, Салвини, изјави дека тој е единствен кандидат за премиер во коалицијата од десниот центар зашто неговата Лига доби најмногу гласови во конзервативниот блок.

Резултатите од парламентарните избори во Италија најавуваат долги и тешки преговори за формирање влада.