8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Корисна и моќна билка против мигрени и воспаленија

Tanacetum parthenium е повеќегодишна билка од фам. Аsteraceae.Стеблото е исправено разгрането а билката достигнува раст до 100см висина. Листовите се наизменични, сложени и со резови.Цветот содржи многу мали, со многу мали бели цветови во круг со жолта средина.

Природно расте на подрачјето на Европа и на Југозападна Азија, посебно на балканскиот полуостров, а на други предели доколку израсне се смета за инвазивен раст. Расте во сончеви предели. Највеќе му одговара сончев предел со влажна и дренирана земја. Се карактеризира со јак мирис.

ДЕЈСТВО

Носечката активната компонента на оваа билка е partenolid кој делува така што го спречува ширењето и згрутчувњето на крвните садови, што пак е главен причинител на бројни здраствени проблеми и воспалителни реакции.

Иако точната причина за мигрената не е комплетно позната, многу лекари веруваат дека таа настанува кога доаѓа до стиснување на крвните садови во главата а потоа нагло се прошират. Така драматична промена предизвикува ослободување хемиски супстанци од тромбоцитите што предизвикуваат болка и воспаление. Партенолидите од Tanacetum parthenium го  спречуваат наглото ширење на крвните садови, така што не доаѓа до отпуштање на   супстанци кои предизвикуваат болка.

Луѓето кои патат од мигрена, усмено си ја предаваат меѓусебно моќта на оваа билка уште од раните 70ти години. Британските здраствени работници се обиделе да го дефинираат нејзиното дејство преку истражување на пациенти кои веќе ја користат. Ги поделиле во дре групи, прва онаа која продолжила со употребата и втората , онаа која почнала да зема плацебо. Кај првата група не се забележани зголемени напади на главоболка а кај втората група мигрената се интензивирала и на честота и на јачина. Друго истражување пак покажало дека Tanacetum parthenium ја намалува мигрената за 24% а кога ќе се појават напади на болка се многу помали и помалку болни. Поради резултатите од овие истражувања одобрена е употребата на Tanacetum parthenium за спречување на мигрената во Канада и други земји.

 

Антимигрен Таблети® – Против Мигрена и состојби пропратени со високи температури(настинки)

Активност:

Граничен производ

“Антимигрен” е 100% природен, чист, еколошки, граничен производ, кој помага и се препорачува за

Мигренозни главоболки
Главоболки од разнa етиологија
Состојби пропратени со високи температури (настинки)
Пакување:

Пакувањето е во стаклено шишенце кое содржи 50 таблети.

Начин на употреба :

Три пати на ден по 2 таблети со чаша вода пред јадење.

Напомена:

Да се чува далеку од дофат на деца. Препорачаните количини не смеат да се прекорачат.

Да се чува на температура до 25 С

Производот се издава во аптека без лекарски рецепт

 

Исто така употребата на Tanacetum partheniumсе користи и за намалување на тегобите кај менструалните проблеми. Исто така е корисна и кај лекување на воспалени и билни зглобови и кај луѓе кои патат од ревматски артритис. Засега не е испитуван самостојниот учинок на оваа билка па затоа во комбинација со други билки, 100% природни , Фармацевтската индустрија Интер-Еврогенекс од Ново Село – Струмица создаде 100% природен хербален производ АНТИМИГРЕН кој помага и се препорачува кај Мигренозни главоболки, главоболки од разна етиологија, состојби прорпатени со високи температури(настинки). Таблетите АНТИМИГРЕН може да се најдат во аптеката ВАРУФАРМ(02 3177 922, 071 345 363) и во било која подобро снабдена аптека.