24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Уште една страшна сообраќајка со загинати ја потресе Македонија

Триесет и три годишниот Д.В. го загуби животот откако вчера околу 18 часот во него удрил автомобил.

Од полицијата информираат дека несреќата се случила на регионалниот пат Велес-Градско, а во пешакот удрил непознато лице со непознат автомобил, кое по несреќата избегало.

-Д.В. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница Велес, каде починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираат од МВР.