24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски го информирал Саразин за политичката состојба во земјава

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, придружуван од Тимчо Муцунски, денеска остварил средба со германскиот пратеник Мануел Саразин, кој е член на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг. Од партијата информираат дека на средбата двајцата соговорници се осврнале на стратешките односи помеѓу Македонија и Германија, а Мицкоски се заблагодарил за севкупната поддршка дадена од Германија за евро-атланската интеграција на нашата земја.

„Претседателот на опозицијата го информираше Саразин за актуелната политичка состојба во нашата земја и нагласи дека политичките притисоци што се вршат врз граѓаните од партиите на власт се неприфатливи за развој на демократско општество“, соопшти Центарот за комуникации на партијата.

Мицкоски, во рамки на средбата, нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која силно ја поддржува евро-атланската интеграција на Република Македонија како национален и стратешки приоритет.