24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ким Џонг-ун е подготвен да го отповика нуклеарниот арсенал

Северна Кореја е подготвена да го прекине тестирањето на нуклеарното оружје доколку се укинат заканите кон земјата, пренесуваат светските медиуми.

Исто така, како што соопшти јужнокорејската делегација што престојува во дводневна посета на Пјонгјанг, Северна Кореја е подготвена да се откаже од дополнително складирање на овој вид оружје доколку се обезбедат меѓународни гаранции.

Ваквото ветување им било дадено на јужнокорејските официјални лица, кои два дена разговарале со своите колеги од Северот. Според информациите, во преговорите учествувал и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун.

Како што пренесуваат јужнокорејските медиуми, Ким Џонг-ун исто така ветил дека нема да го користи своето нуклеарно и конвенционално оружје против јужниот сосед, а исто така и се согласил да се сретне со претседателот на Јужна Кореја во април.

Тој разговор, кој би требало да се одржи на границата на две земји, односно во демилитаризираната зона, во селото Панмунџом, ќе биде само трет од ваков вид, потсетуваат светските новински агенции.