15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Како што пренесуваат јужнокорејските медиуми, Ким Џонг-ун исто така ветил дека нема да го користи своето нуклеарно и конвенционално оружје против јужниот сосед, а исто така и се согласил да се сретне со претседателот на Јужна Кореја во април. Тој разговор, кој би требало да се одржи на границата на две земји, односно во демилитаризираната зона, во селото Панмунџом, ќе биде само трет од ваков вид, потсетуваат светските новински агенции.

Официјалниот назив на Српската црква ќе биде Српска православна црква – Пеќка патријаршија, објавија српските медиуми. Измени ќе има и кај процедурата за избор на патријарх, која ќе биде поедноставена и тој ќе се бира со тајно гласање со обврзно двотретинско мнозинство владици, а досегашната пракса на „апостолска жрепка“, случаен избор на еден од три коверти со имиња на кандидатите, се укинува.

Ново ќе биде и тоа што избраниот кандидат за поглавар ќе се нарекува Архиепископ пеќки, митрополит белградско карловачки и патријарх на српските и поморски држави, наведува весникот кој имал увид во текстот на уставот.

Според новиот устав на СПЦ, 13 епархии ќе станат митрополии, а новиот устав најверојатно ќе биде усвоен на седница на Светиот архиерејски собор во средината на мај. Со промените се објаснуваат желбите да се зајакне врската со нејзиното историско средиште во Пеќката патријаршија, но и со Косово каде има дел на нејзина јурисдикција, наведува весникот.