20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Разбојници влегле во куќа на скопјанец и го претепале пред неговите внуци

Четириесет и двегодишен скопјанец бил физички нападнат од две лица кои дошле во неговата куќа додека тој седел со своите внуци.

Како што информираат од МВР, Е.Г.(47) и К.Г.(27) го удирале домаќинот со синџир што го носеле со себе, а потоа и со секира што ја одзеле од него, при што му нанеле видлива повреда во пределот на главата. По преземените мерки, двете лица биле приведени и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.