10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Бравите на вратите наскоро сами ќе се чистат од бактерии

Лабораторијата за напредна енергија и материјали во рамки на новозеландскиот Универзитет во Кентербери спроведува истражувања преку кои цели да создаде смеса што ќе овозможи самостојно чистење, односно уништување на бактериите кога се изложени на светлина.

Смесата е направена од нетоксична фотокатализаторска керамика, која произведува кислородни радикали на површините обложени со неа. Таа, исто така ќе ги согорува микробите на површината направени при контакт со валкани раце или од патогени бактерии во воздухот.

Професорката, Сузан Крамдек, една од авторките на студијата, истакнува дека потребата за ваков изум е поголема од било кога.

„Инфекциите кои се јавуваат во болниците имаат влијание врз болните и здрави луѓе и најчесто се пренесуваат преку случаен трансфер, а поретко со прекршување на некои од правилата и протоколите за хигиена“, вели таа.

Истражувачите велат дека технологијата за изработка на смесата универзитетот ја развивал во последниве 10 години, а истата би можела да влезе во производство до 2020 година или порано.