18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Агонијата на жената чии коски се пронајдени помеѓу два ѕида во нејзината куќа

Шокираните нови сопственици го нашле скелетот на Мери Черути (61) помеѓу два ѕида во куќата, а полицијата сега објави потресни детали од несреќната судбина на оваа жена од Хјустон.

Мери исчезнала летото 2015 година и тоа не поминало незабележано – соседите покренале потрага, но од неа ни трага ни глас.

Нејзината судбина била мистерија до мај минатата година, кога се вселиле нови станари и почнале да ја средуваат куќата.

Во шуплина помеѓу два ѕида, кои го делат купатилото од собата, нашле остатоци од несреќната жена.

Таа од некоја причина се качила на таван и пропаднала во тесен простор помеѓу двата ѕида.

Истражувачите успеале да соберат поголем дел од коските и да го реконструираат целиот скелет.

Се претпоставува дека несреќната жена во ѕидот ја изеле глувци, па останале само коските.

Никогаш нема да се дознае колку траела нејзината агонија.