14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во Маџир Маало се градело без дозвола

Во време кога тазе градоначалникот Саша Богдановиќ на 27 декември 2017 со одлука на Совет воведе мораториум, фирма-инвеститор во Маџир Маало, токму позади мене, гради во полна пареа. Но, она што е најскандалозно и деновиве можевме да го видиме во медиумите поткрепено со докази кои ги објавија, инвеститорот неколку месеци градел пред да добие градежна дозвола, обвини Васко Робовалиев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според документите кои ги објавија медиумите може да се види дека одобрението за градба е издадено на 30.01.2018 година од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ, цел месец после воведување мораториумот за градба, а според овие сателитски слики може да се види дека парцелата се подготвувала за градба и се вршеле активности неколку месеци претходно“, рече тој.

Според Робовалиев, се работи за огромен објект со милионска вредност од неколку илјади квадрати. „Зошто општината и градоначалникот Саша Богдановиќ молчат за овој огромен скандал? Дали градоначалникот веќе испратил инспекциски надзор и што е извештајот од записникот на инспекцискиот надзор?“, прашува тој.