9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Општина Гостивар ги санира последиците од поплавите

Брзото топење на снегот поради високите температури, придружено и со врнежи од дожд, резултираше со последици во некои делови од градот и во селата.

„Екипи од Јавното претпријатие Комуналец интервенираа во сите населени места каде што постојната канализациона мрежа нема капацитет да го прифати сиот прилив на атмосферските води што ги зафатија улиците, а како превентивна се чистат многу канали и потоци за да се спречи прелевање од коритата и да се спречи поплавувањето на куќите“, соопштија од Општина Гостивар.

Населбите Бањешница и Грудајца, како и селата Форино, Валиндол и Мало Турчане беа најзагрозени, па затоа овие два дена се интервенираше токму во овие населени места.

Општина Гостивар има формирано кризен штаб, кој што во континуитет ја следи состојбата на теренот.

Спонзорирано: