16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсени Срби во Турција, планирале голема кражба

Во Истанбул се уапсени четворица српски државјани, поради сомнение дека планирале голема кражба, објави „Хуриет“. Полицијата за време на претрес на паркинг на 21 февруари, пронашле орује, долга цевка и 25 куршуми, како и четири рачни радија, додава „Хуриет“.

Преку карактеристиките на багажот, пронајден исто така за време на претресот, биле идентификувани лицата кои потоа биле уапсени.

Испрашан бил и сопственикот на приватниот паркинг, кој рекол дека оружјето им припаѓа на уапсените српски државјани, кои се одселиле од станот недалеку од паркингот.

Според информациите, уапсените влегле во Турција претходно минатиот месец, а постои сомнение дека планирале голема кражба, по која би се вратиле во Србија.

„Танјуг“ телефонски контактирал со конзулот на Србија во Истанбул, од каде било кажано дека немаат повеќе информации за случајот.

Спонзорирано: